Балкан

Борисов: Балканот ќе биде едно од најдобрите места за живот

Борисов: Балканот ќе биде едно од најдобрите места за живот

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека доаѓањето на лидерите од ЕУ во Софија на Самитот ЕУ-Западен Балкан и нивното запознавање со проблемите од регионот претставува успех, но дека се зависи од самиот Западен Балкан.

Борисов на отварањето на конференцијата “Дијалог со Западен Балкан: создавање подрачја на раст, сигурност и поврзаност на патот кон Европа”, рече дека сите во Советот го разбираат значењето на железничките коридори, автопатиштата и дигиталната инфраструктура.

Според него, лидерите на Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка во Софија ќе можат да ја добијат вистинската идеја за тоа што ќе се финансира и како.

Уверен сум дека Балканот ќе стане едно од најдобрите места за живот во Европа, изјави Борисов.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека земјите од Западен Балкан покажуваат дека се способни да ги применат реформите и да ги решат билатералните спорови.

Прво треба да покажеме дека можеме да живееме во сегашноста, да го оставиме минатото зад себе и да соработуваме, рече Захариева.