Борисов е среќен што работел со Меркел – најуспешниот политичар во светот

„Испратив честитка до канцеларката Ангела Меркел, бидејќи таа ја пишува современата историја на Европа и во најтешката финансиска и економска криза во светот, по трет пат Германија ја поддржа и ја реизбра за федерален канцелар“, напишаЛ на својот Фејсбук профил, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесуваат локалните медиуми.

„И се восхитувам на оваа жена и многу пати сум рекол дека ние треба да дејствуваме онака како што тоа го прават луѓето во Германија, тие ја избраа стабилноста, предвидената политика и финансиската дисциплина. Среќен сум, што четири години сум работел со најуспешниот, за мене, политичар во светот – канцеларката Ангела Меркел“, пишува уште Борисов.