Борисов го покани Папата да ја посети Бугарија

Бугарскиот премиерот Бојко Борисов го покани папата Франциск да ја посети Бугарија, за време на средбата што двајцата ја остварија денеска во Ватикан, пишува БГНЕС.

„Нашиот придонес е голем во сферата на пишувањето. Можеме да се гордееме со она што го направиле светите браќа Кирил и Методиј, а потоа и нивните ученици“, изјави Борисов.

Борисов и Папата разговарале и за Балканот, пришто бугарскиот премиер добил впечаток дека Светата Столица е одлично запознаена со состојбите.

БГНЕС пренесува дека Борисов по средбата истакнал дека го поканил Папата да ја посети Бугарија, пришто од Ватикан одговориле оти размислуваат да ги посетат Бугарија и Романија в година, но навестиле и дека дополнително ќе проценат дали освен Бугарија и Романија, уште една земја од Западен Балкан ќе биде вклучена во посетата.

Денеска и македонскиот премиер Зоран Заев се стретна со Папата и го покани да ја посети Македонија.