Балкан

Борисов и Ердоган ја отворија „Железната црква“ во Истанбул

Борисов и Ердоган ја отворија „Железната црква“ во Истанбул

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ја отворија во неделата православната црква „Свети Стефан“, во историјата попозната како „Железната црква“ во Истанбул, по седум години реставрација.

Притоа турскиот челник изјави дека црквата стара 120 години претставува единствен пример на црква изградена од железо.

Оваа бугарска црква во форма на крст е изградена на брегот на истанбулскиот залив Златен рог во 1898 година со 500 тони ковано железо од Австрија. Реставрацијата која почнала во 2011 година чинела 2,9 милиони евра.

Ердоган додаде дека црквата претставува еден од најновите примери на напорите на Турција да ги обнови црквите, капелите и синагогите.

Пемиерот Борисов возврти дека Бугарија ќе работи на нормализација и унапредување на односите меѓу Еверопската унија и Турција, откако Софија од 1-ви јануари го презеде претседателството со Унијата.