среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

Борисов: „Јужен тек“ е историја, пристига Балкан

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов ги претстави плановите за новиот проект за достава на гас од Русија во Европа, при што ќе биде заобиколена територијата на Украина, јавува Б92.

juzen_tek

Поврзани вести

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов ги претстави плановите за новиот проект за достава на гас од Русија во Европа, при што ќе биде заобиколена територијата на Украина, јавува Б92.

„Јужен тек“ е историја. Она што е сега на агендата е центарот за дистрибуција на гас „Балкан“, изјави бугарскиот премиер во обраќањето пред парламентот во Софија, пренесува агенцијата Франс прес.

Борисов рече и дека Русија би можела да ја прифати изградбата на подводниот дел од напуштениот проект „Јужен тек“, поставувајќи две линии. Секоја од нив би имала капацитет од 10 милијарди кубни метри и би служела за пренасочување на гасот во Европа преку новиот гасовод.

Борисов: „Јужен тек“ е историја, пристига Балкан

Борисов: „Јужен тек“ е историја, пристига Балкан

Според првобитните планови, дистрибутивниот центар „Балкан“ покрај руски гас би требало да добива и азербејџански гас од Трансјанадолскиот гасовод што во моментов е во изградба.

Освен тоа, овој дистрибутивен центар би можел да добива и течен и природен гас од терминалите во Грција, како и помали количества од локалните наоѓалишта во Бугарија и Романија, појасни Борисов.

Според неговите зборови, Бугарија ќе се обиде овој проект да го направи „приоритет на ЕК“ и додаде дека е „доста оптимистичен“ во врска со имплементацијата на тој проект.

Најчитани вести