Борисов нема да се сретне со Иванов, се однесувал арогантно

Бугарските медиуми информираат дека премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ја откажал средбата со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Софија со сопругата Маја Ивановa, каде беше предвидено да се сретне со бугарскиот државен врв.

Како што информира бугарскиот портал „24 часа“, Борисов и наложил и на министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, да не го прима македонскиот претседател. Порталот пишува дека причината за откажување на двете средби е апсолутно арогантното однесување на Иванов да ја прекине по две минути средбата со Заев и Димитров.

Бугарските медиуми пишуваат дека разочарување од Иванов преовладува во целата Европска комисија поради најавеното саботирање на процесот за постигнување договорот со Грција.