Борисов: Нема критична маса за гласање недоверба на Владата

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека во моментов во земјата нема критична маса за поднесување барање за гласање недоверба на Владата. Борисов коментирот го даде за бугарските новинари во Брисел, како одговор на ставот на претседателот на БСП, Михаил Миков, јави БТА, пренесе МИА.

Според информациите во медиумите, Миков предвидува такво гласање „кога во општеството ќе се натрупа поголема критичност“.

-Тоа е право на опозицијата. Миков правилно кажа -доколку се натрупа критична маса. Јавно е дека сега нема критична маса, изјави Борисов.

Според него, бугарската опозиција нема што лошо да каже за Владата. Што да каже, дека за Божиќ дадовме 50 милиони лева за бугарските пензионери и за Великден ќе дадеме уште толку. Нема кој не е задоволен, дека сите европски фондови, подготвени во нивно време, сега работат. На почетокот на јануари на прозводителите на пченица им исплативме милиони. Затоа нема кој не ја регистрирал стабилноста во државата, коментира Борисов.