Балкан

Борисов: Сите ми се смееја за Западен Балкан

Борисов: Сите ми се смееја за Западен Балкан

„Ми се смееја на моите идеи за Западен Балкан, ама сите големи геополитички играчи сега сакаат да учествуваат на форуми за Западен Балкан“ изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на економскиот форум во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Според лидерот на земјата членка на ЕУ, само на тој начин може да се постигне економски напредок во регионот.

Решенијата и договорите од вчера се оптимистички. Многу тешко ни беше да ја поставиме темата за Западен Балкан, но тие шест земји имаат во просек само малку помал БДП од оној на Словачка и малку помалку жители од бројот на Романија. Западните лидери во СОфија дојдоа по малку резервирани, но ќе си одат задоволни. Најважно на овој самит е тоа што докажавме дека егоизмот на Балканот исчезнал. Само поради тоа што ми е стар телефонот се срамев да ги снимам како слободно разговараат Вучиќ со Тачи, Рама со Меркел и Макрон, исто така и кога Ципрас и Заев објавија дека се блиску до решение, рече Борисов.