Борко клучен во победата на Кретеј

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски беше еден од најзаслужните што неговиот Кретеј стигна до третата победа оваа сезона, откако неговиот тим славеше против Тулуз со 31:28.

Популарниот “министер за одбрана” имаше осум успешни интервенции, но бранеше кога беше најпотребно, во самиот финиш од мечот.

Со оваа победа, Кретеј се искачи на 12-то место на табелата со девет бода, еден повеќе од тимот на Селестат.

Со победа во францускиот шампионат се закити и македонскиот селектор Ивица Обрван, кој со тимот на Шамбери го совлада токму составот на Селестат со 30:24. Шамбери моментно се наоѓа на четвртото место на табелата, зад Монпелје, ПСЖ и Сент Рафаел.