вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 39

Борко Ристовски ја посочи разликата меѓу Лино Червар и Раул Гонзалес

Последни вести

Најдобриот македонски ракометен голман Борко Ристовски направи споредба меѓу претходниот селектор Лино Червар и актуелниот Раул Гонзалес.

Ристовски рече дека сега на клупата имаме човек кој објаснува доста смирено, го разбира ракометот и во секој момент знае што сака со нашата одбрана и репрезентацијата. Тој додаде дека пред првиот меч во Чешка кој Македонија убедливо го загуби, се подготвувале така што Червар им пуштил видео снимка од дуелот Металург- Моппелје.

-Не секогаш ќе излегува на добро, нема секогаш да победуваме со над десет разлика, но знаеме што сакаме. Како споредба, за натпреварот со Чешка на гостински терен кој го загубивме се подготвувавме гледајќи видео снимка од дуелот Металург-Монпелје, јас не знам како се подготвува репрезентација за дуел со Чешка со тој натпревар. Разликата е огромна од секој аспект и гледате дека во ниту еден момент немаше нервозни реакции и критики од Раул и стручниот штаб, тоа е разликата, кога имаш поддршка цело време и знаеш што сакаш да постигнеш, потенцира Ристовски.

Најчитани вести