Борко Ристовски замина во „Бенфика“

Борко Ристовски, првиот голман на репрезентацијата на Македонија започна нова авантура.

Тој ја напушта Барселона и се сели во Португалија, а за тоа денеска пристигна официјална потврда.

Бенфика е новиот клуб на Борко Ристовски, кој вели дека доаѓа со големи амции и желба да освои многу трофеи.

-Мислам дека секој човек секогаш треба да има амбиции, и јас доаѓам тука со амбиција да освојам што е можно повеќе трофеи. Бенфика е голем клуб со одличен проект и дојдов тука бидејќи сакам да освојувам титули, вели Ристовски, кој го носи дресот со број 16.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.