Борко со нов триумф во француското првенство

Борко Ристовски имаше одличен настап за Кретеј, па токму македонскиот голман беше меѓу најзаслужните за триумфот на оваа екипа на локалното дерби против Трембле, со резултат 25:23. Ристовски беше одличен особено во првото полувреме, кога имаше десет интервенции, а неговиот тим водеше со 15:11. Трембле во самиот финиш успеа да се врати, израмни на 23:23, но Данкерк со два гола во последните две минути стигна до победата. Ристовски со 15 интервенции потврди дека се наоѓа во одлична форма во пресрет на клучните квалификациски средби за ЕП 2016 во Полска.

Гоце Георгиевски со тимот на Тулуз претрпе пораз на последниот домашен натпревар, против Аикс со 28:32. По израмнетите 16:16 во првото полувреме, Тулуз мечот го загуби во првиот дел од второто полувреме, кога гостите создадоа позначајна предност што знаеја како да ја задржат до самиот крај. Георгиевски постигна три гола од пет обиди, сите во второто полувреме од натпреварот.

Разочарувачки меч имаше македонскиот селектор Ивица Обрван, откако неговиот тим Шамбери загуби добиен меч, па по водството од 22:24, беше поразен со 25:24 на гостувањето против Ним. Со овој пораз Шамбери и дефинитивно си ги загуби шансите за третото место на табелата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.