Борусија Д. го растури Баер Леверкузен

Во последниот натпревар од саботната програма на 31-ти коло од германскиот фудбалски шампионат Борусија Дортмунд на својот стадион беше убедлива против Баер Леверкузен со 4:0.

Стрелци за Борусија беа Жадон Санчо во 13, Марко Ројс во 55 и 79 и Максимилијан Филип во 63 минута. Домашните можеа да слават уште поубедливо, но испуштија неколку убави шанси а во 37 минута ударот на Ројс од пенал го одбрани гостинскиот голман.

Борусија Д во трката за втората позиција собра сега 54 бодови, еден помалку од вторпласираниот Шалке 04 кој има и меч помалку, а му побегна за три бода на денешниот противник кој остана на четвртото место со 51 бод.

Хофенхајм, кој има два бода помалку од Баер Леверкузен и е петти на табелата со што се врати во борбата за пласман во Лигата на шампионите,во саботата во саботата со 5:2 го победи на гости РБ Лајпциг кој сега е шести со 47 бодови, два помалку од денешниот противник. Марк Ут го постигна водечкиот гол за Хофенхајм а беше прецизен и во 59 минута, а стрелци беа уште Гнабри во 35, Кадерабек во 45 и Руп во 64 минута. Кеита во 58 и Упамекано во 88 минута беа стрелци, пак, за домашните.

Ајнтрахт од Франкфурт, кој пред три дена се пласираше во финалето од германскиот куп, во саботата на домашен терен беше поразен од Херта со 0:3, со што остана речиси без шанси за Лигата на шампионите. Ахнтрахт сега со 46 бодови е седми, и има пет бодови помалку од четвртата позиција. Стрелци за Херта беа Селке во 57 минута од пенал, Лецке во 77 и Есвејн во првата минута од судиското продолжение. Берлинците сега се деветти со 42 бода.

Некогашниот европски шампион ХСВ Хамбургер постигна важна победа во борбата за опстанок, совладувајќи го директниот ривал со 1:0 со голот на Луис Холтби во 54 минута. ХСВ сега е претпоследен 17-ти 25 бодови, а Фрајбург има пет бодови повеќе на 16-та позиција која игра квалификации за опстанок. Ова би било првпат Хамбургер да испадне од Бундеслигата откако таа е формирана.

Минхенски Баерн, кој веќе ја освои титулата, дури во второто полувреме ја покажа супериорноста на гостувањето кај Хановер, а стрелци беа Милер во 57, Левандовски во 73 и Руди во 89 минута. Баварците со 78 бодови се недостижни на врвот пред вторпласираниот тим со дури 23 бодови повеќе. Хановер, пак, е 13-ти со 36 бодови и се чини дека веќе не треба да стравува за опстанокот.

Штутгарт со головите на Гентер во 13 и Езчан во првата минута од судиското продолжение на мечот го совлада Ведер и сега е десетти со 42 бодови. Тимот од Бремен, пак, е дванаесетти со 37 бодови.