Борусија Д. се сопна и од Аугсбург

Само еден бод во дуелот со апослутниот аутсајдер, тимот на Аугсбург, освоија фудбалерите на Борусија од Дортмунд.Минимален но максимално непријатен пораз на гостувањето во Фрајбург, доживеа моментално второпласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен.

Уште полошо, но пред најверните фанови, поминаа фудбалерите на Волфсбург кои иако најавија сиурен триумф на крајот мораа да се соочат со заслужениот пораз во дуелот со секогаш незгодниот тим на Хановер.

Резултати: Борусија Д. – Аугсбург 2:2, Волфсбург – Хановер 1:3, Фрајбург – Леверкузен 3:2, Нирнберг – Хофенхајм 4:0, Штутгарт – Мајнц 1:2.