Борусија Дортмунд го предизвикува Баерн Минхен

Голема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж сигурно ќе понуди финалниот натпревар од Купот на Германија, дуелот помеѓу најголемите ривали во германската Бундес лига, Баерн Минхен и Борусија од Дортмунд.

Олимпискиот стадион во Берлин сигурно ќе биде претесен за сите фанови кои сакаат во живо да го следат дуелот помеѓу вечните ривали.

Според фудбалските стручњаци, фаворитската улога му е доделена на баварскиот гигант, но последниот првенстве дуел на “Алианс Арена” заврши со убедлив триумф на “милионерите” од Дортмунд од 3:0.

“Ова е шанса да го ја освоиме двојната круна но и да и се реваншираме на Борусија за убедливиот пораз во Минхен. Подготвени сме и за овој предизвик. Според мене, двата тима имаат подеднакви шанси за успех, а ќе победи тој кој ќе направи една грешка помалку од противникот”, изјави пред натпреварот капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам.
Финалниот натпревар стартува во 20:00 часот.