Борусија Дортмунд и Челзи пред елиминација од Лига на шампиони

Првиот 1/4 финален дуел од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, помеѓу претставниците на Шпанија и Германија, екипите на Реал (М) и Борусија од Дортмунд заврши со убедлив триумф на “кралскиот клуб” од 3:0.

Убедливиот триумф го најави велшкиот интернационалец Герет Бејл кој постигна прекрасен погодок во 3 минута од натпреварот.

Вториот погодок на натпреварот, постигнат во 27 минута беше дело на крилниот напаѓач, Иско, а на стартот од второто полувреме, во листата на стрелци се запиша и португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо.

Историски триумф од 3:1 во првиот 1/4 финален дуел против лондонскиот премиерлигаш Челзи, забележа актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

На самиот старт од натпреварот прекрасен погодок постигна аргентинскиот интернационалец Езекел Лавеци, но во 27 минута, репрезентативецот на Белгија, Еден Хазард успешно го изведе ударот од белата точка.

Домаќините повторно дојдоа во водство откако дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз постигна ефектен автогол, а во самиот финиш од натпреварот, прекрасен погодок постигна и малдиот играч за врска Хавиер Пасторе.