Борусија Дортмунд ја прекина серијата без победа и славеше на гостувањето кај Мајнц

Екипата на Борусија Дортмунд оствари победа на гостувањето кај Мајнц со 2:0. Ова беше првиот натпревар од 9.коло одигран синоќа, а гостите до победата стигнаа со головите на Марко Ројс во 18.минута и на Хенрих Михтарјан 82.минута. По трите натпревари без победа Борусија Дортмунд стигна до триумф и се зацврсти на втората позиција на табелата.

На другите дуели од 9.коло играат: Аугсбург – Дармштат, Вердер – Баерн, Хамбургер – Баер Леверкузен, Шалке – Херта, Волфсбург – Хофенхајм, Ајнтрахт – Борусија Менхенгладбах, Келн – Хановер и Штутгарт – Инглоштат.

Табела: Баерн 24 бодови, Борусија Дортмунд 20, Шалке 16, Херта 14, Келн 14, Инглоштат 14, Баер Леверкузен 13, Мајнц 12, Волфсбург 12,…