Спорт

Борусија Дортмунд не е во љубов со Баерн Минхен

Борусија Дортмунд не е во љубов со Баерн Минхен

Извршниот директор на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ханс Јоаким Ватцке, откри дека во грешка се тие новинари кои постојано пишуваат за некаква војна помеѓу Борусија од Дортмунд и Баерн Минхен и дека е време за некаков мировен договор.

“Не сме во некаква војна со Баерн Минхен, нема потреба од некаков мировен договор, од некакви мировни преговори. Точно е дека сме големи ривали. Исто така нема потреба од некаква глума, да глумиме дека се сакаме, дека има љубов помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Не смеете да очекувате такво нешто, тоа е невозможно”, изјави Ватцке.

Главниот оперативец на Борусија Дортмунд, додаде дека не е точна информацијата дека пред неколку години со парите кои биле позајмени од Баерн Минхен, Борусија од Дортмунд се има спасено од сигурен банкрот.

“Станува збор за некаков мит, за некаква урбана легенда. Баерн Минхен ни позајми 2 милиони евра, но и камата од 8%. Глупо е да се пишува за Баерн Минхен како да е Мајка Тереза. Таа парична сума не ни помогна многу, а мојата прва задача како извршен директор беше враќање на таа позајмица. Нема поголема грешка од таа да позајмиш пари од друг клуб. Се додека јас сум извршен директор, Борусија попрво ќе моли за пари, отколку да позајмува од некој друг клуб”, изјави Ватцке.