Борусија Дортмунд повторно на врвот

Во средбата од петтото коло од германското фудбалско првенство Борусија Дортмунд во Хамбург го совлада ХСВ со 3:0 и се врати на првото место во Бундеслигата.

Головите за Борусија ги постигнаа Шињи Кагава во 24-та, Пјер-Емерик Обамејанг во 63-та и Кристијан Пулисик во 79 минута.

Хофенхајм на гостувањето го совлада Мајнц со 3:2, откако домашните веќе по 16-та минута имаа водство од 2:0.

Домашните поведоа со головите на Дани Латц во 6-та и Јошинура Мута во 16-та минута, но гостите до крајот на полувремето изедначија, а стрелци беа Надием Амири во 23-та и Сандро Вагнер во втората минута од судското продолжување на првото полувреме. Кога изгледаше дека средбата ќе заврши без победник, Ут во втората минута од судското продолжение им ја донесе победата на гостите.

Ајнтрахт Франкфурт на гостувањето го победи Келн со 1:0 запишувајќи ја втората победа годинава. Решавачкиот гол го постигна Себастијан Халер од пенал во 22-та минута.

Херта го совлада Вајер Леверкузен со 2:1. Стрелци беа Лекие во 17-та и Калоу во 24-та минута за домашните, додека Бранд беше стрелец во 84-та минута.

Фрајбург и Хановер 96 играа 1:1. Гостите поведоа во 65-та минута преку Харник, а изедначи Петерсен во 83-та минута.

Во вторникот беа постигнати следните резултати: Шалке 04 – Бајерн Минхен 0:3, Аугсбург – РБ Лајпциг 1:0, Волфсбург – Вердер Бремен 1:1 и Борусија Менхенгладбаг – Штутгарт 2:0.

На табелата води Борусија Дортмунд со 13 бодови, Баерн Минхен има 12, а Хофенхајм и Хановер по 11 бодови.