Борусија Дортмунд со една нога во 1/4 финале

Првиот 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, дуелот помеѓу вицешампионите на Русија и Германија, Зенит и Борусија од Дортмунд, заврши со сигурен триумф на гостинот од 4:2.

Два погодока на натпреварот постигна полскиот интернационалец, а мрежата на Зенит ја погодија Михтаријан и Марко Ројс.

Првиот погодок за Зенит беше дело на Статов, а вториот на бразилскиот интернационалец Хулк кој успешно го изведе ударот од белата точка.