Спорт

Борусија од Дортмунд нуди 20 милиони евра за Стефан Ел Шарави

Борусија од Дортмунд нуди 20 милиони евра за Стефан Ел Шарави

Репрезентативецот на Италија и фудбалер на италијанскиот калчо гигант Милан, Стефан ел Шарави е прв на списокот со фудбалери кои би требало да потпишат за германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд за време на летниот преоден рок.

Раководните лица на германскиот клуб се убедени дека се потребни околу 20 мил. евра за да се осигураат услугите на брзоногиот напаѓач, но италијанските медиуми пак се убедени дека таквата понуда веднаш ќе биде одбиена од потпретседателот на Милан, Адријано Галијани.

Главниот оперативец на “росонерите”, може да седне на преговарачката маса само доколку понудата на Борусија од Дортмунд не биде помала од 30 мил. евра.

И покрај големиот интерес на германскиот бундеслигаш, Ел Шарави веќе има изјавено дека нема да си замине од “Сан Сиро” за време на летниот преоден рок и дека уште многу години ќе го носи дресот на Милан.