Босанец му подарил гарсониера на бездомник

Исклучително позитивна приказна ни доаѓа од срцето на Сараево – поточно од Башчаршијата.

Сараевчанец му подарил гарсониера, целосно опремена со мебел и со сите потребни апарати за домаќинство на еден бездомник, известува Кликс.ба.

„Секој ден му носи храна, овошје и цигари. Бездомникот се вика Богдан и со години питачи низ Башчаршија“, изјавила читателка на веб страницата која и ја пренела приказната. Таа изјавила дека Богдан спиел по клупи долги години, а минувачите од чаршијата му оставале ситни пари.

„Луѓето и занаетчиите во Башчаршија со години многу му помагаат“, изјавил дарежливиот човек.

Донаторот со иницијали Е.Е вели дека за Богдан дознал случајно од својата ќерка која го забележала на улица кога се враќала од училиште.

b1

„Го забележала на улица како седи и и изгледал како дедо Штрумф. Секој ден доаѓаше дома и ни кажуваше дека му носи колачи и кифли на дедо Штрумф“, раскажал Е.Е кој одлучил и лично да се запознае со Богдан и да се напијат и кафе и да поразговараат.

Богдан сега има основни услови за живот и е среќен што има простор во кој може да престојува. и ја загреа студената околина.