Свет

Босанец првоосомничен за илегална продажба преку интернет

Босанец првоосомничен за илегална продажба преку интернет

Босанец е првоосомничен во рамки на меѓународна полициска истрага за разбиена мрежа за продажба на оружје, дрога и лажни документи преку интернет.

Првоосомничениот бил уапсен во неговиот дом во Босна и Херцеговина. Покрај него, во истрагата се уапсени уште тројца Германци, на возраст од 21 до 29 години, како и двајца браќа Сиријци, на 19 и 28-годишна возраст. Сите петмина се уапсени во Германија.

Осомничените, чиј идентитет официјално не е соопштен, се обвинети за користење на интерент форуми за илегална продажба на оружје и наркотици, како хероин, кокаин и амфетамини.

Тие нуделе и нелегални услуги за инфицирање компјутери со вируси.