Босанец и Срби оперирале во хотелски соби во Охрид

Кривична пријава и осумдневен притвор заработија еден босански и двајца српски државјани поради сомнение дека извршиле две кривични дела „кражба“. Тројцата оперирале во хотелски соби во Охрид.

Како што соопштува МВР, станува збор за 38 – годишниот босански државјанин Д.Л. , и српските државјани В.Р. (65) и Р.С.(51).

Оперирале во хотелски соби во Охрид

На пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена
На пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена

Како што информира МВР, пријавените во средата во периодот од 00,30 до 03,00 часот во Охрид на ул. „Петар Чаулев“ во хотел „Ди Англо“ во згодна прилика извршиле две кражби во соби на фински и американски државјани.

Трите лица кои оперирале во хотелски соби во Охрид, од странските државјани одзеле девизни средства, денари, мобилни телефони, камери и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 47.000 денари. Од страна на судија од претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Зголемен број на криминални дејствија во екот на туристичката сезона

Инаку со отпочнување на летната туристичка сезона, се поголем е бројот на регистрирани криминални дејствија во најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид. За жал последниот случај за кој соопшти МВР, дека тројца странски државјани оперирале во хотелски соби во Охрид не е единствената кражба во изминатите неколку дена.

Некои се служат и со „подрзок“ начин на кражба, па во целта да стекнат противправна имотна корист напаѓаат луѓе на улица.

Пред три дена, односно во петокот охриѓанка била нападната и ограбена пред влезот во својот дом. Инцидентот се случил на прометната улица „Јане Сандански“ околу 23 часот.

Во разговор за OhridNews таа истакнала дека немилиот настан се случил по враќање од културен настан.

Додека приоѓала кон домот слушнала трчање по што непознат маж силно ја зграпчил за главата и вратот и насилно и ги одзел ѓерданот и другиот накит кој таа го носела на себе, по што избегал во непознат правец.

Нападнатата не успеала да му го види лицето на напаѓачот, но според нејзиното кажување во околните објекти за продажба на храна имало многу луѓе кои сигурно го забележале.

Охриѓанката која била нападната случајот веднаш го пријавила во охридската полиција.