Босанец украл траект во Венеција, па го забил во ѕид

Државјанин на Босна и Херцеговина извел буквално филмско сценарио во Венеција. Мажот кој е идентификуван како Вјекослав Мартинчевиќ, во понеделникот украл траект во овој италијански град.

Мартинчевиќ, кој е државјанин на БИХ, со адреса на живеење во Лондон, го украл траектот од пристаниште и се одалечил. Полицијата за тоа дознала откако добила дојава дека траектот удрил во ѕид на старите гробишта во Венеција.

Полицијата го пронашла Мартинчевиќ во траектот. Тој во Италија престојувал како турист.

Пред да удри во ѕид, Мартинчевиќ пловел по каналите помеѓу островите Сан марино и Мурано.

Италијанските медиуми пишуваат дека на траектот е направена штета од 20.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.