Босанка останала со заглавен дезодоранс во вагината

Лекарите од Универзитетскиот клинички центар во Сараево останале шокирани кога во саботата навечер била примена девојка со заглавен дезодоранс во вагината.

Лекарите се обиделе да го извлечат, но не успеале во намерата. Девојката е задржана во болница и очекува со со хируршка интервенција да и биде отстрането „туѓото тело“, пренесува порталот „Дневни аваз“.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство при УКЦС не сакале да коментираат ништо за овој случај.

Ниту во приватните сараевски гинеколошки ординации не биле расположени да зборуваат за тоа дали досега имале вакви или слични интервенции.

Екипата на „Дневни аваз“ единствено што успеала да дознае е тоа дека ваквите случаи не се реткост во светот и во регионот, а пациентите може да имаат сериозни последици.

Гинеколозите предупредуваат дека предметите кои се користат како сексуални помагала во текот на самозадоволувањето може да доведат до поголеми и непријатни симптоми и ситуации.

Вакви случаи, колку и да се опасни по здравјето, не се ретки ни во светот ни во Македонија, каде лекарите сведочат за различни предмети заглавени во половите органи или во задникот на пациентите (шише, вилушка, риба…) резултат на домашно самозадоволување.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.