Босанската делегација во Белград ќе ја чуваат 1.000 полицајци

Илјада полицајци во униформа и цивилна облека ќе се грижат за безбедноста на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, што во среда ќе пристигнат во посета на Белград, пишува српски „Блиц“.

Бакир Изетбеговиќ, Младен Иваниќ и Драган Човиќ доаѓаат во посета на повик на српскиот премиер Александар Вучиќ, откако тој беше нападнат на 11 јули во Сребреница.

Според весникот денеска во Белград се очекува да пристигнат и припадници на босанската Државна агенција за истрага и заштита (СИПА), кои ќе имаат состанок со српските колеги. На состанокот треба да биде утврдена и патеката на движење на гостите.