Балкан

Босански вахабист ги повикува младите на џихад

Босански вахабист ги повикува младите на џихад

Билал Босниќ, лидер на една од најголемите заедници на членови на радикалниот ислам во БиХ ги повикува на џихад младите муслимани.

Повикот на Босниќ до млади муслимани од Босна да се приклучат на Исламската држава остана забележан на видео од последното предавање на неговите следбеници во областа на Цазинска краина во северозападна Босна, пишува Дејли аваз цитиран од Танјуг.
Босниќ меѓу другото на тоа предавање рекол и “вистината е дека исламските држави преживуваат и покрај толку многу напади на оние кои се збунети и оние кои се борат против вистината.”

Властите во БиХ немаат точни податоци за тоа колку народот на таа земја во моментов се бори во кризните области како што е Сирија.

Полициската агенција на БиХ пак вели дека во Сирија досега отишле да војуваат педесетина млади мажи, а 32 биле, наводно, веќе вратени во земјата.

Парламентот на БиХ во јуни донесе закон со кој учество на граѓаните на БиХ во вооружени конфликти во странство да се третира како кривично дело за кое е можно да се добие до 10 години затвор, но досега според законот никој не е гонет.