Босанските џихадистки се јавија на родителите дека се добри

Шеснаесетгодишната Самра Кешиновиќ, која со другарка и Сабина Селимовиќ им оставија проштално писмо на родителите во Австрија со порака дека имаат намера во Сирија да се борат за Исламот, и телефонираше на сестра и од Турција за да ја извести дека и двете се добри, соопшти австриската полиција.

Самра и Сабина чиишто семејства од Босна се преселија во Австрија им оставија идентични пораки на своите семејства „ќе се сретнеме во рајот“.

Австриската полиција соопшти дека соработува со турските колеги за да ги пронајдат девојчињата.

Министерството за внатрешни работи во Виена, наведе дека околу 100 австриски државјани со борат во Сирија.