Босанските лидери се плашат од „ефектот Санадер“

Австрискиот дипломат и поранешниот главен преговарач на Европската унија во Босна и Херцеговина, Рамбуј Волфганг Петрич, укажува на тоа дека политичарите во Брисел мора да сфатат дека актуелната владејачка гарнитура во Босна и Херцеговина не сака да се приклучи кон ЕУ поради страв до „ефектот Санадер“.

Истакнувајќи дека станува збор за повеќе или помалку исти политичари кои биле активни за време на војната, Петрич, кој бил висок меѓународен претставник во БиХ, вели дека тие знаат дека многу од нив се корумпирани и свесни дека ќе завршат во затвор доколку БиХ се приближи кон ЕУ.

„Тоа е главната пречка која оневозможува БиХ да се движи кон ЕУ“, тврди Петрич.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.