Босанските Срби го негираат извештајот за Сребреница

Со отфрлањето на Извештајот на Комисијата за Сребреница, Народното собрание на Република Српска се обидува да ја ревидира историјата, што претставува чекор во погрешен правец, оцени американскиот Стејт департмент.

– Меѓународните судови заклучија дека во Сребреница во 1995 година се случил геноцид. Владата на Република Српска во 2004 година усвои Извештај за Сребреници и тоа беше значаен чекор кон помирување во Босна и Херцеговина и кон соочување со фактите од минатото, соопшти Стејт департментот.

Меѓутоа, со отфрлањето и со обидите за дополнување на Извештајот, дел од институците во Република Српска се обидуваат да ги ревидираат фактите од минатите војни, да ја негираат историјата и да ја политизираат трагедијата, смета Стејт департментот.

Во соопштението се оценува дека „трендот на почитување на осудените воени злосторници како херои“ и отфрлањето на нивните злосторства, нема да им помогне на граѓаните на Република Српска и и оти тоа не е во нивни интерес.

– Страшната војна што се сличи во 90-те години не потсетува дека мораме да тежнееме кон стабилна и просперитетна иднина во интерс на сите граѓани, без разлика на етничката или верската припадност, се наведува во реакцијата на Стејт департментот.

Собранието на Република Српска во вторникот го отфрли Извештајот на Комисијата за настаните во и околу Сребреница во јули 1995 година и побара од Владата овој документ од 2004 година да го стави вон сила, како и да формира „две независни меѓународни комисии за утврдување на вистината за страдањето на сите народи на подрачјето на реонот на Сребреница и за страдањето на Србите во Сараево“.