Босанското и Хрватското здружение со апел за помош

Неколку здруженија со заеднички сили здружени за помош на нстарданите во поплавениот регион, собираат храна, вода, облека, средства за лична хигиена и се што може да им послужи на овие луѓе.

Вера Благојевиќ од МАБИХ упати уште еден апел за хуманост до битолчани да донираат се што можат да си дозволат.

Естрадни уметници, актери и обични граѓани одговорија на повикот.

Актерот Петар Горко рече дека со своето семејство дошол да донира посебно детска облека бидејќи на настраданите луѓе сега им е потребно се.

Кон апелот на здруженијата се приклучи и митрополитот г.Петар, архимандиртот Партениј од Бигорскиот манастир, босанскиот амбасадор и други институции.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.