Бошко Ѓуровски дебитира против селекцијата на Летонија

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, своето официјално деби ќе го има на 5 март, кога националната арена “Филип Втори” ќе гостува селекцијата на Летонија.

„Натпреварот против Летонија ќе биде посебен, дебитирам на селекторската функција и чувството веќе е позитивно. Се надевам дека луѓето ќе дојдат на националната арена и ќе ни ја дадат поддршката. До мартовската пресметка со Летонија има доволно време, деталите околу изборот на фудбалери ќе ги соопштиме во наредниот период. Мислам дека ќе биде добар натпревар, Летонија е квалитетна селекција, нивното место на ранг листата на ФИФА, сметам дека не соодветствува со нивниот вистинскиот потенцијал. Ова ќе биде добра проверка, одлична можност да се соочам со квалитетот и потенцијалот на фудбалерите кои ќе добијат шанса во селекцијата“, изјави селекторот Бошко Ѓуровски за официјалната интернет страница на ФФМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.