Бошко Ѓуровски и неговите пулени ги започнаа подготовките за мечот со Словачка

Агим Ибраими е единствениот кој не е во можност да одговори на повикот на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски. Останатите се веќе во строј и ги започнаа тренинзите на игралиштето на Фудбалската федерација на Македонија.

reprezentacija-trening-3

Ѓуровски пред првиот тренинг ја нагласи позитивната атмосфера која владее во националниот тим, а која треба да не понесе и до позитивен резултат со Словаците.

reprezentacija-5

“Се собравме на прв тренинг, желни за добра подготовка за мечот кој не очекува во сабота. Имаме доволно време за подготовка. Како што знаете сите се на располагање од првиот тренинг, со исклучок на Ибраими кој за жал поради пневмонија нема да го имаме за овој меч” – истакна Ѓуровски кратко пред денешниот тренинг.

start-615x400

Фото: Екипа.мк