Бошко Ѓуровски најверојатно ќе дебитира против Летонија

Според последните информации кои пристигнуваат од Фудбалската федерација на Македонија, нашиот сениорски национален тим, првиот тест во 2014 година, најверојатно ќе го има против селекцијата на Летонија, а истиот ќе биде одигран на 5 март на националната арена „Филип Втори” во Скопје.

Официјално деби на овој натпревар ќе има и новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски.

Од ФФМ информираат дека преговорите се во завршна фаза и дека се договараат само последните детали, а освен Летонија, интерес за одигрување на пријателски натпревар покажале и репрезентациите на Нигерија и на Северна Ирска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.