Бошковски осуден на 10,5 години затвор за случајот „Ровер“

Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски е осуден на 10,5 години затвор за случајот „Ровер“.

Повтореното судење за случајот за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година, следува откако Апелација го врати на повторно судење и ја оспори првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1.

На судењето, Бошкоски отворено го изразуваше револтот против судечкиот совет и бараше изземање на судијата.