Балкан

Босиќ тврди дека Додик нелегално се збогатил

Босиќ тврди дека Додик нелегално се збогатил
Ministr zahraničí Lubomír Zaorálek na tiskové konferenci po jednání předsednictva Bezpečnostní rady státu, které se sešlo 2. března v Praze v souvislosti s událostmi na Ukrajině.

Лидерот на најголемата опозициска партија во Република Српска Младен Босиќ го повтори тврдењето дека претседателот на РС Милорад Додик „украл милиони“ и најави оти за тоа ќе понуди конкретни докази на судењето кое му се подготвува по тужбата на Додик за клевета, објави МИА.

– Тоа не е клевета, тоа е факт -изјави Босиќ пред новинарите во Бања Лука, по второто подготвително рочиште за судењето по приватната тужба на Додик против претседателот на Српската демократска партија.

Босиќ како илустрација за своето тврдење ја наведе споредбата на имотната карта која Додик, како и сите учесници во изборите, бил должен да ја достави до Централната изборна комисија.

Додик од Босиќ по тужба за клевета бара отштета од 5.000 евра.