Бошкоски на распит кај Катица Јанева

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево од затворот во Идризово, беше спорведен во просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Засега нема информации дали Бошкоски од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе биде  сослушан за предметот „Кампања“ или за предметот „Ровер“.

Јанева веќе го зема предметот Кампања, под нејзина надлежност, а на Бошкоски му остануваат уште 3 месеци до истекот на затворската казна.

Се чека одговор од СЈО дали ќе го земе и предметот „Ровер“.