Босна: Мајка и син заедно во смрт

Душанка Лукач (83) и нејзиниот син Бране (55) се обесиле во вторникот на таванот на семејната куќа во селото Јасеница, кај Босанска Крупа.
besilkii500

ОД МВР на Унско-санскиот кантон, не наведувајќи го нивниот идентитет соопштиле дека пријавата за самоубиството ја добиле во попладневните часови.

-Според информациите во моментов, не се пронајдени никакви траги од насилство па се исклучува можноста дека станува збор за убиство. Најверојатно станува збор за самоубиство на мајка и син, изјави Але Шилдедиќ, потпаролот на МВР, пренесуваат Независне новине.

Телата на мајката и синот ги пронашол нивниот прв комшија Милан Вејновиќ, кој веднаш ја известил полицијата.

-Често им носев храна да јадат, па и на тој ден им донесов месо и колачи. Не ги видов во куќата, а кога се качив на таванот, ме затекна ужасна глетка, изјави Вејновиќ и додава дека и на него не му е јасно поради што го извршиле самоубиството, бидејќи не живееле во голема беда и сиромаштија.

-Мажот на Душанка умре пред десетина години, па нив двајцата останаа сами. Избегаа за време на војната, но пред неколку години повторно се вратија во Јасеница. Имаа стока, не живееа во голема сиромаштија. изјави Вејновиќ.

Според неговите зборови синот Бране често говорел за тоа дека кога ќе умре мајка му, самиот ќе си пресудел.

-Тие беа многу добри луѓе, но Бране беше навистина депресивен човек. Постојано зборуваше за тоа како ќе се убие, но никогаш не дознав поради што го повторува тоа цело време, додава Вејновиќ.