Босна во паника: Поплавите ги поместуваат и неексплодираните мини

Поплавите во БиХ предизвикаа уште една опасност. Покрај куќите и патиштата ги поместија и минските полиња останати од војната, а ги однесоа и ознаките за предупредување.

Во Босна не се отстранети речиси 120.000, на 9.146 означени мински полиња.

Најавено е дека утре ќе почне истрага за мините кои се појавија на местата каде што порано ги немаше, а постои и страв дека Сава, а потоа и Дунав може да ги однесат во Хрватска, Србија, а можеби и во Бугарија и Романија. Експертите предупредуваат дека може да ги однесе и во турбините на хидроцентралите.