Бошњакоски потврди дека Филипче е кандидат за министер за здравство

Неврохирургот Венко Филипче официјално е кандидатот за министер за здравство како предлог на СДСМ, а имињата на другите кандидати за нови министри сѐ уште не се утврдени, бидејќи се чека другите коалициски партнери во Владата да ги достават нивните предлози за преостанатите испразнети места во владиниот состав, рече во средата владиниот портпаролот, Миле Бошњаковски.

На прес-конференцијата Бошњакоски додаде дека за тоа каква ќе биде распределбата на ресорите меѓу партнерите во владината коалиција и посочи новинарите да побараат одговор од партиите.

Алијансата за Албанците, партијата која претходно го пополнуваше ресорот здравство, со кој до локалните избори водеше Арбен Таравари кој на локалните избори стана градоначалник на Гостивар, е, исто, така во игра за новиот состав на владата, потврди претставникот на Владата.

Именувањето на Филипче за министер за здравство кого треба да го потврди и Собранието, инаку изминатиот период предизвика бура и негативни реакции, и тоа во прв ред од членовите и активистите на владејачката СДСМ, поради ннеговата претходна активност и семејни врски кои отвораат сериозни дилеми за можен конфликт на интереси.

Во меѓувреме беа објавени бројни информации кои покажуваат поинаква заднина на ова најново кадровско решение на Заев. Имено, актуелниот советник во Кабниетот на Заев, Венко Филипче во периодот додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ беше член и на Професорскиот контра пленум. Прашан зошто тоа го сторил, Филипче изјави дека бил „доведен во забуна“ од негов специјализант кој му кажал дека потпишува иницијатива за реформи на Медицинскиот факултет. Но, на Филипче му зе збаележува и дека бил учесник и на лекарските контра протести, како контра мерка на лекарите кои ги бараа своите права. Исто така, во периодот на минатата влада предложениот нов министер за здравство беше член на неколку здравствени комисии.

Освен овие негови активности, по социјалните мрежи беа објавени и податоци за негови блиски луѓе на функции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.