Бостанџиите незадоволни, најавуваат блокада на патишта

Бостанџиите од југоисточна Македонија најавија дека ќе ги блокираат патиштата поради незаинтересираноста на новата влада и министерот за земјоделие за решавање на ниската откупна цена на бостанот годинава.

Незадоволството кај земјоделците еруптираше откако тие неколку денови повикуваат новата влада и министерот за земјоделие да го решат проблемот со ниската откупна цена бостанот која овие денови се движи од 2,5 до 3 денари.

Ново во развојот на овој проблем е што земјоделците побараа посебна комисија од Владата и Министерството за земјоделие која би ги утврдила штетите што настанале поради слабиот откуп на земјоделските производи.

Земјоделците велат дека вакви проблеми немале со претходната влада и дека таа си била добра, додека владата на СДСМ е за никаде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.