Бостон на победа од големото финале

Кошаркарите на Бостон Селтикс со 3:2 во серијата откако изминатата ноќ на домашен паркет со 96:83 ги совладаа Кливленд Кавалирс во петтиот натпревар од финалето во Источната конференција.

Леброн Џејмс, кој атакува на осмото финале во НБА лигата, го заврши дуелот со 26 кошеви, 10 скокови и 5 асистенции, а покрај него само уште Кевин Лав од неговите соиграчи имаше двоцифрен број поени – 14.

Селтикс беа во водство во текот на целиот меч., првата четвртина ја завршија со 32:19, благодарејќи на серијата од 16:4, а на полувреме се отиде со резултат 53:42. На почетокот од последната четвртина Бостон водеа со 76:60, а оваа предност во еден момент се зголеми и на 20 кошеви, па Кливленд до крајот не можеа да се приближат.

Селтикс ги предводеа Џејсон Тејтам со 24 кошови и 7 скокови, а Џејлен Браун додаде 17, Ал Харфорд 15 поени со 12 скокови.

Доколку Селтикс победат во петокот во Кливленд, тогаш Бостон ќе игра во своето 22-ро финале во НБА по цели осум години. Доколку, пак, Кавалирс израмнат, седмиот меч ќе се игра во недела во Бостон.

Победникот од овој двобој ќе игра против подобриот во финалето од Западната конференција, каде што Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс е израмнети на 2-2. Петтиот меч на Западот се игра во четврток во Хјустон