„Бостон“ подобар од „Сиксерси“ за финале против „Кливленд“

„Бостон“ е вториот финалист во Источната конференција откако на домашен терен ја совлада „Филаделфија„ со 114:112 и го доби петиот меч од серијата за конечна победа од 4:1 и мегдан против „Кливленд„ за големото финале на НБА лигата.
Овие два тима се сретнаа и во ланското финале, во кое „Кавалирси“ беа подобри, иако во двата тима има само по четворица кои беа актери во финалната серијата.

„Селтикси“ во моментов се лишени од помошта од тешко повредениот Кајри Ирвинг, МВП на минатогодишнот Мундобаксет, како и од Гордон Хејворд кој доживеа скршеница на скочниот зглоб, па се потпреа врз младите сили. Џејсон Тејтјум има 20 години, а беше трет пик на последниот драфт. Џејлен Браун е една година постар, исто трет пик од драфтот една година порано. Токму овие „деца“ беа пресудни за победата против „Филаделфија“, каде повторно најдобар беше Хрватот Дарио Шариќ, Ниту неговите бравури како и кошевите на првата ѕвезда на гостите, Џоел Ембид не беа доволни „Филаделфија„ да ја спаси серијата. Тејтјум уфрли 25 поени, Браун 24, а малку поискусниот Тери Розије уфрли 17 коша. Но упте тројца кошаркари на „Бостон“ имаа двоцифрен скор- Хорфорд 15, стартерот Бејнс 13, и резервистот Смарт-14.

Токму Смарт беше во центарот на вниманието во последните моменти од мечот. Тој на +1 за „Бостон“ шутираше слободни фрлања. Првото го промаши случајно, второто го погоди случајно. Тој сакаше намерно да промаши по неуспешното прво фрлање за да продолжи да тече времето и евентуално да ја фатат топката и спречат напад на гостите. Сепак, топката влезе во кошот, но за 2,4 секунди „филаделфија“ не успеа да погоди, па додавањето од под нејзиниот кош на спротивната половина го спречи токму Смарт кој ја освоји топката и тоа беше крај за „Сиксерси“.
Кај нив Шариќ постигна 27 коша, десет скока и 3 од 3 за три поени. Ембид додаде исто толку поени.