Боуви сакал да глуми во „Господар на прстените“

Желбата на Дејвид Боуви да го глуми кралот на Елфите во трилогијата „Господар на прстените“ ја откри неодамна еден од актерите на филмот.

Хафингтон пост пишува дека Доминик Монахан, кој во филмот го глуми хобитот Мерија Брендбак, објаснил дека на аудициите го сретнал познатиот музичар.

-Додека седав и чекам да ми кажат дали сум примен, Дејви Боуви влезе, се запиша и влезе на аудиција. Претпоставувам дека сакал да ја добие улогата на Гандалф, затоа што јас не можам да го замислам во ниту една друга улога, рекол Монахан.

Сепак, други извори, пишува Хафингтон пост, велат дека Боуви сакал да го глуми кралот Алронд. Иако на крајот не е одбран за ниту една улога, легендарниот рокер, тој ден направил една личност многу среќна.

-Јас сум голем обожавател на Дејвид Боуви, а тоа што го сретнав во живо, за мене беше нешто посебно, вели Монахан.

Наводно, режисерот на трилогијата, не сакал да го ангажира Дејвид Боуви бидејќи сметал оти неговото појавување во филмот ќе го оттргне вниманието на публиката од приказната. Токму затоа Питер Џексон одлучил да ангажира помалку познатни актери како Орландо Блум и Доминик Монахан.