Македонија

Бови во Охридско езеро за поголема безбедност

Бови во Охридско езеро за поголема безбедност

Во тек е поставување на таканаречени бови во Охридско езеро во рамки на проектот на Министерството за транспорт и врски, кои треба да ја зголемат безбедноста во водите.

Овие бови во Охридско езеро ќе се користат за да се обележи растојанието и правецот на движење на пловните објекти.

bovi1Бовите ќе се постават од Св. Наум, па се до Радожда. На овој начин ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во езерскиот сообраќај, напиша министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на Фејсбук.