Боздаг: Турција досега ослободи 34.000 затвореници

Турските власти досега ослободија 33.838 затвореници, изјави денеска министерот за правда, Бекир Боздаг.

Изјавата следи откако Турција најави ослободување на 38.000 лица, за да се ослободи простор за десетиците илјади осомничени во врска со неуспешниот преврат од 15 јули, пренесува БТА.

Турција во меѓувреме отстрани приближно 80.000 лица од државни функции, а голем е бројот и на оние кои беа задржани во притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.