Божествена жено од силикон

За да ја запознаат жената по својата мерка на мажите им е потребно време. Јапонска компанија решила да им помогне и да го скрати тоа време, нудејќи на пазарот секс-кукла која изгледа како вистинска жена.

Секс-куклата која ја произвела компанијата „Ориент индустри“ е направена од силикон со висок квалитет за кој производителот тврди дека е ново ниво во производството на вештачка човечка кожа.

Силиконските кукли имаат природен изглед, посебно кај очите, кои се најтешки за изработка да не изгледаат вештачки.

Освен тоа, поради силиконот од кој е направена, куклата е прилично еластична, така да сопствениците ќе можат да ја поместуваат во која положба сакаат. Исто така, купувачот може да си одбере колкави гради сакаат да има куклата, каква да биде бојата на косата и други физички атрибути и карактеристики, па се до облеката и должината на прстите.

Заинтересираните купувачи можат и да си изберат каква облека сакаат да нови нивната „силиконска девојка“.

Куклата чини одколу 1.250 евра, а од компанијата велат дека засега продажбата одлично им оди.