Божицата Лара Стоун ви го претставува новиот парфем на Версаче

v_erosДве години по лансирањето на парфемот за мажи Eros, италијанскиот бренд Версаче ги изненади своите обожавателки со одличен нов парфем, односно женска верзија на Eros, едноставно наречен „Eros Pour Femme“.

Во главната улога на рекламната кампања овој пат се појавува манекенката Лара Стоун која на првата објавена фотографија изгледа неверојатно сексапилно во долга тоалета со впечатливи чевли и накит.

Кампањата ја фотографираа Мерт Алас и Маркус Пигот во „Пајнвуд“ студиото во Лондон. Парфемот е нежна комбинација на ароми од лимон, јасмин, миризливо дрво и магични божури.

Креативната директорка на брендот Донатела Версаче посочи дека новиот парфем е неверојатно моќен и заводлив, спакуван во луксузно златно шишенце.

– Ерос е бог на љубовта и целта на Eros pour femme кампањата е да покаже дека Ерос бил заведен и да ја покаже моќта на жената, вели Донатела .

И додека во кампањата за машката верзија на парфемот Eros, сексапилниот Брајан Шимански изгледаше како заводлив грчки Бог, Лара Стоун дефинитивно изгледа како неговата поубава половина!

eros_22