Божикен концерт во Битола

Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“-Битола, вечер од 18 часот во црковниот Храм „Св.Богородица“ ќе го одржи традиционалниот Божикен концерт во градот на конзулите.

„Годинава Божикниот концерт ќе биде исполнет со програма на композитори кои потекнуваат од државите на православието“, истакна Љубомир Трифуновски диригент на хоровите и раководител на КУД „Стив Наумов“-Битола.

„Секогаш сме посебно мотивирани при подготовката и одржувањето на Божикниот концерт бидејќи оваа манифестација е повеќе од традиција и се случува во прекрасен Храм. Годинава за аудиториумот ќе испееме дела од македонски и руски композитори, но и други, најдобрите автори од државите на православието, кои компонирале музика за хорско пеење, посочи Трифуновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.